Ставете ги во блендер кикириките, сончогледот, сусамот, бадемите, семките од тиква, лукот и изблендирајте.

Префрлете во длабок сад и додајте го маслото, сокот од лимон, магдоносот и постепено со мешања водата.
Посолете, наросете бибер и убаво измешајте.

Ако сметате дека намазот ви е густ додајте уште малку вода.

Соберете го намазот во стаклен сад со капак.

Забелешка
Во деновите кога се пости без масло, слободно изоставете го маслиновото масло, и така е вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани