Одличен намаз кој ќе ви се најде и на празнична маса и во секојдневна трпеза :)

1. Лукот, сварените јајца и кашкавалот најситно се рендаат.
2. Во смесата се додаваат ситно исецканиот магдонос, зачините и мајонезот, сето тоа се промешува за да се добие густа смеса.

Во намазот може да се додаде малку павлака доколку сакате.
Пред сервирање пожелно е смесата да отстои во фрижидер за да се стегне!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани