Прво на загреано масло ги пропржуваме сецканиот кромид и морков.
Го додаваме месото, пржиме на тивко, за да испари течноста и при пржењето со вилушка убаво го развојуваме месото, за да не ни биде залепено.
Зачинуваме по вкус.
Го додаваме измиениот ориз и пржиме уште една минута.
Тргаме од оган па додаваме сецкан магдонос и црвен пипер.
Промешуваме и смесатаа ја ставаме во мала ростер тава.
Сега излупениот црн домат го сечиме на кругови и секое кругче кратко го запржуваме од двете страни.
Ги лупиме компирите, ги миеме и сецкаме на кругови.
Ги редиме во тавата пржените кругови црн домат и компирите.
Ја ставаме тавата на рингла, додаваме врела вода, колку да се покрие зајрето, нека прокрчка 1 минута и го ставаме ручекот во загреана рерна на 190 степени да се готви околу 30 минути, или се додека не испари водичката.
Сервираме со сезонска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани