Ова е мојата погача што ја подготвувам скоро секогаш за некоја позначајна пригода и на сите им се допаѓа.

1. Во подлабок сад се става околу 900 гр. брашно, насреде се прави дупка, се ставаат сите состојки заклучно со маслото и се замесува тесто. По потреба се додава уште брашно да се добие меко нелепливо тесто.
2. Тестото веднаш се дели на 4 дела. Се зема 1 дел, се рассукува во круг, се мачка со маргарин/путер, се засекува како цвет и се преклопуват краците, а потоа пак се рассукува во округла кора.
3. Потоа се сече правилен круг, а краевите се оставаат настана за подоцна.
4. Добиениот правилен круг се сече на 8 дела, секое делче се мачка со малку путер и се става малку сирење. Сите делови се виткаат како корнети и се редат во подмачкано тавче бр. 26.
5. Истото се прави и со 2-рото тесто, такашто во тавчето се ставаат 16 корнети. Од краевите што ги тргнавме настрана се виткаат ролнички и се пополнуваат празнините.
6. Со 3-тото и 4-тото тесто на истиот начин се прави уште една погача во исто толкаво тавче.
7. Штом се направат двете погачи, се остават да киснат 20 минути, а рерната се загрева на 200 степени. Потоа се премачкуваат со јајце, се наросува сусам и се печат 20 минути на 200 степени, а после уште 10 минути на 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани