Христос воскресе.
Пред се сакам на сите да им го честитам најголемиот Христијански празник Велигден, со желба да го поминат во мир и среќа со своите најмили.
За овој убав ден ја одбрав оваа торта која плени со својот изглед и вкус.

Начин на подготовка.
До колку имате 2 исти калапи, бр 24 пожелно е да направите кори во нив, напоредно да се печат.
До колку немате се матат сите белки заедно и испечената кора се дели на 4 листови.
Јас работев вака,
Во 4 ванглички ставив по 2 белки.
Останатите количини за тесто ги делев на 4.
Зедов 4 чаши и во секоја го ставаив количеството на состојки за 2 белки.
Печев во 2 калапи и многу брзо ми одеше.
Ако не на овој начин, тогаш работете на стандарден начин.Или матете на 2 места по 4 белки па потоа делетеги на половина за да се добијаат 4 кори
Во вангличка се ставаат белките, се мати, се додава шеќерот, се мати да се стопи.
Потоа со исклучен миксер се додаваат останатите состојки и со шпатула се промешува.
се печи во калап бр 24 или 26 и изладено се дели на 4 листови.
За филот во еден сад ги ставаме излупените карамели, па налеваме 300 мл млеко.
Го ставаме садот на мнооогу тивок оган, полека да се топат.
Во друг сад ги соединуваме жолчкие, густинот, шеќерот и 200 мл млеко.
Кратко соединуваме со миксер.
Кога карамелите се стопиле, го додаваме составот со жолчките и остатокот од млекото.
На тивок оган со постојано мешање го вариме кремот до згуснување.
Оставаме да се лади при тоа постојано го мешаме да не фати коричка или го покриваме со прозирна фолија.
Кога веќе е скоро изладен го додаваме изматениот путер и изматената слатка павлака.
Убаво со миксер соединуваме.
Сега земеме обрач бр 24.
На дното ја ставаме првата изладена кора и обилно, по 5-6 лажици ставаме од филот.
Израмнуваме.
Повторно кора, фил, кора, фил.....
Вака подготвената торта ја оставаме барем 1 час во фрижидер да се стегни.
На тивок оган ги соединуваме слатката павлака и чоколадото за ганаш.
Не смее да ни проврие.
Кога малку е подизладен го нанесуваме на тортата.
Оставаме во фрижидер 3-4 часа да се лади.
Потоа внимателно го одстрануваме обрачот.
Завршуваме со декорација од чоколадна ограда, јагоди, листови нане......
Уживајте во оваа вкусотија.
Ќе следува слика со пресек.

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани