Убава, вкусна, роденденска беше тортава.... )))

Корите се спремаат на стандарден начин.
Се матат белките, се додаваат наведените состојки горе наведени, сите по ред.
Се печи во калап со пречник од 28цм., намрсен со маргарин, во загреана рерна за време од 15 мин. на 200 степени или печите према вашата рерна

За филот
Во зовриеното млеко со шеќерите се додаваат жолчките, пудинзите и брашното претходно растворени во малку ладно млеко од вкупното.
Се вари до потребната густина.
Се остава да се лади со повремени мешања.

Млак кон ладен кремот се соединува со изматениот маргарин.

А, во скроз ладно со лажица се вмешува изматената слатка павлака.

Финална постапка
Кора-ванила фил-исцеден сецкан ананас-изматена слатка павкака-сецкан лешник

Над втората кора со фил одат убаво исцедените вишните и се исто...слатка павлака и лешник.

А, третиот пат повторно ананас..се друго исто како првиот пат.
(Подобро се воочува од фотографијата со пресекот.)

Украсете по ваша желба..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани