1. Патлиџаните се мијат, се сечат по должина, се посолуваат и се ставаат во подлабок сад да стојат 20 минути. Штом ќе пуштат течност се дотура вода во садот.
2. Се започнува со пржење, но предходно патлиџаните се ставаат на хартија или крпа за да се отстрани течноста од нив.
3. Штом ќе се заврши со пржење, парчињата модар патлиџан се редат во теглички, а помеѓу редовите се става сечкан лук и магдонос.
4. Сите состојки за солилото се мешаат да се стопат и со него се дополнуваат тегличките.
5. Теглите се ставаат во рерна, се пушта на 120 степени и штом загрее, стојат 30 минути и се оставаат да изладат постепено до наредниот ден.

Забелешка
Патлиџаните ги сечев во должина за да го скратам времето на пржење, а потоа по потреба ги сечев или превиткував во теглињата.
Масло не ставам бидејќи си има од пржењето.
Од оваа доза ми излегоа 4 мали теглички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани