Освежително и вкусно мезе или салата ... како сакате ... едноставни состојки со одличен спој на вкусови.

1. Модриот патлиџан измијте го, исечете го на кругови 1/2 см, посолете ги и оставете да постојат 15-тина минути.
2. Со кујнска хартија отстранете ја течноста од нив, извалкајте ги во брашно со малку сол и пржете ги во нелеплива тава на среден оган. Испржени, ставете ги на салфетка да се впие вишокот масло, но и убаво да изладат.
3. Измиениот магдонос исечкајте го или искинете го на ливчиња, лукот исчистете го и него исечкајте го на тенки ливчиња.
4. Во чинија по избор ставете 2 кругови модар патлиџан, премачкајте со подебел слој кисела павлака, потоа сечкан магдонос и сечкан лук. Повторувајте ја постапката додека имате продукти.
5. Изладете малку во фрижидер и потоа уживајте освежувајќи се.
Пријатно мезе!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани