Вкусна летна рецепта со модар патлиџан на ерменски начин, која има убава комбинација на зеленчук што дава посебна арома. Добро мезе (салата ) ќе биде супер додаток за месо или скара.

1. Модриот патлиџан се лупи и се сецка на кругови, се посолува и се остава на 20-30 минути да постои, потоа се редат на салфети за да се впие течноста од патлиџанот.
2. Во загреано масло се пржи патлиџанот од двете страни, на крај се додава исецканиот кромид и уште се пржи неколку минути.
3. Доматите се сецкаат на полу кругови, а пиперките на тенки кругови, магдоносот се сецка ситно.
4. Сите состојки се промешуваат и по желба може да се додаде една лажичка маслиново масло.

Доколку има домати шери може да се искористи исецкани наполу наместо обичните домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани