Вкусно летно мезе редовно на нашата трпеза.. Подготвено и добро затворено во пластична кутија може да стои цела недела во фрижидер. Доколку сте љубител на луто ставете си и една лута пиперка, рецептот оди вака.:
Пиперките и модриот патлиџан ги печеме на умерена темперетура 200степени на хартија за печење околу половина час. Ги ставаме во најлонска кесе да се подизладат и поубаво излупат. Го толчиме лукот заедно со малку хималајска сол во земјен сад.
Ги толчиме и пиперките и модриот патлиџан...смесата ја попаруваме со маслиново масло мешаме и оставаме да се излади тогаш ја додаваме павлаката и повторно мешаме. Изладете и уживајте....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани