Вкусни пецива кои се подготвуваат многу едноставно. Можете да си ги замесите и од вечер, а сабајле само да ги обликувате, да ги печете и да ги послужите за доручек.

1. Од сите состојки се замесува средно меко тесто и се остава да стаса.
2. Стасаното тесто се дели на помали топчиња (отприлика 20) убаво се обликуваат и се ставаат во тава за печење.
3. Во средината на секое топче, вертикално се става по една мини виршла претодно засечена од горната страна.
4. Се оставаат пецивата уште еднаш да стасаат, се премачкуваат со разматена жолчка со млеко и прстофат сол, се посипуваат со сусам и се печат 15-20 мин. на 180Ц

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови