Тиква+млеко+шеќер = највкусниот традиционален тиквен деликатес од нашата кујна што ќе го пробате во зима. Знам дека има еден куп скептици во врска со вкусот на овој превкусен десерт. Јас самата не јадев, се додека баба ми не ме убеди да пробам. Навистина сум ѝ благодарна за тоа. Порано таа го подготвуваше за нас, а сега откако влегов во светот на готвењето научив да го спремам сама, па сакам да го споделам моето искуство и мојот рецепт за тикварник со сите вас. Мојот дефинитивно омилен десерт, кој верувам дека секој треба да си го проба дома.
1. Тиквата се вари исчистена, исечена на парчиња и потопена во вода, во длабоко тенџере.
2. Најнапред ја загреваме рерната на 250 степени.
3. Јајцата, ванилите и шеќерот ги матиме со миксер, пенесто, како за пандишпан, во подлабока и поголема вангла.
4. Ги додаваме млекото и маслото и пак проматуваме со миксер.
5. Тиквата е препорачливо претходно да се изблендира, но ако се брзате, едноставно излупете ја и лупејќи додавајте ја во садот со јајцата.
6. Убаво и внимателно матете со миксерот, да се изедначи смесата.
7. На крај се додава и брашното и уште еднаш матиме со миксер.
8. Готовата смеса ја истураме во поголема тава за печење (бр. 36 на пример).
9. Печеме на температура од 180 степени околу 25 минути, но со надзор, питата треба да е убаво румена, особено по краевите, тогаш е печена.
10. Се вади од рерна и пред послужување е препорачливо да отстои во ладна просторија 24 часа, за да биде баш како што треба, но добра е и после 1 до два часа, треба да е барем убаво изладена.
Топло го препорачувам овој преубав десерт од тиква. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови