- Праската се лупи, се сечка на коцки на кои се ставаат густинот, пудингот од ванила и ванилиниот шеќер, се меша сето заедно.
- Во тенџерче се става млекото, шеќерот и кокосот, се вари со мешање. Штом ќе зоврие млекото се трга настрана и пополека во се додаваат коцките праски помешани со горенаведените состојки.
- Се меша со жица да нема грутчиња и да се згусни смесата, а ако е потребно тенџерчето се враќа на рингла убаво да се дозгусни со постојано мешање.
- Се тура во чинии и се лади. Одозгора се наросува со кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани