Хроно пецивата се вкусни и брзо се прават зошто кај нив нема стасување. Месиш, филуваш, печеш. Толку. Спремни и готови за појадок.

Подготовка
1. Сите суви состојки за тестото се соединуваат.
2. Го додаваме маслиновото масло и постепено киселата вода. Мешаме со лажица.
3. Кога тестото ќе стане доволно густо го домесуваме со рака.
4. На набрашнета површина го расукуваме тенко (околу 5 мм да има дебелина) и со соодветен калап или чаша сечеме кругови. Нивната големина треба отприлика да ни биде колку што е кругот на калапот за мафини или малку поголем во зависност какви калапи имате.
5. За филот ситно го сечкаме кромитчето, па додаваме сечкани маслинки и на крај соединуваме со ајвар.
6. Калапот за мафини го намрсуваме и набрашнуваме. Ги ставаме круговите тесто во него.
7. Секое тестенце го полниме со филот.
8. Ги печеме во загреана рерна на 180-200 степени околу 20 минути.

Забелешка
Од оваа доза ми излегоа десет вакви мини пици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани