1. Во длабок сад го ставаме брашното, сувиот квасец, шеќерот и солта. Постепено ја додаваме млаката минерална вода и 50 мл маслиново масло и замесуваме тесто.
2. Тестото го делиме на 6 дела и од секој дел со дланките формираме мини фокача . Фокачите ги редиме во плех обложен со хартија и ги оставаме 20 минути да нараснат.
3. Во останатите 80 мл маслиново масло го додаваме лукот во прав, промешуваме. Врз секоја фокача ставаме од маслото и премачкуваме. Посипуваме со хималајска сол и рузмарин. Врз фокачите ставаме парчиња шери домати, маслинки или комбинација од двете ( по желба и вкус ).
4. Ги оставаме да нараснат и печиме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани