Најпрво ставете ги сувите состојки во една подлабока вангла и измешајте ги. Потоа додадете ги и останатите состојки од кои на крај тиквичката рендана и сирењето рендано или поубаво дробено. На крај се добро се меша.

Иако нема по рецептот, сепак сметам дека следен пат можеби ќе додадам малку прашок за печење. Чинам дека така би се подобрила структурата на палачинките. Секако, ова е само моја мила и предлог, а одлични се и вака.

Од смесата се печат/пржат мини палачинки како америчките пенкејкс во тефлонско тавче или тавче за палачинки со 2 лажици масло. Отприлика во една тура во тавчето бери по 3 палачинки. Масло се додава при секоја нова тура палачинки за печење.

Палачинките најубаво одат послужени со некој кисело-млечен производ, како павлака или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани