Интересно мезе, а за хронерите во вонрестрикција одлична вечера. На здравје!

Подготовка
1. Модриот патлиџан и доматите ги сечеме на кругови со дебелина од најмалку 1 см.
2. Модрите патлиџани ги посолуваме и ги оставаме кратко да излезе течноста од нив. Ги бришеме со кујнска крпа, па ги редиме на хартија за печење.
3. Исто ги редиме и доматите и ги попрскуваме со маслиново масло. Печеме на 180-200 степени.
4. Некаде на средина од печењето го вадиме тавчето од рерна, па доматите ги ставаме врз модриот патлиџан, а врз нив ги редиме неправилните форми од сечканата пиперка.
5. Пиперката ја полниме со разматени белки во која сме додале зачини и сечкан магдонос.
6. Го враќаме тавчето во рерна и ги допекуваме.

Забелешка
Следниот пат кога ќе ги правам ќе ги сечкам подебели, некако многу тенки ми излегоа овој пат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани