Одлична замена за леб во итни ситуации, брзо се подготвуваат ама и вкусни се.

Подготовка
1. Сите суви состојки ги ставаме во еден сад.
2. Додаваме вода и мешаме со лажица, при тоа треба да добиеме густина како за палачинки, можеби малку погусто.
3. Може да ја оставите смесата кратко да одстои, но и не мора.
4. Ги пржиме во загреано и сосема малку намрсено тавче кое е нелепливо.
5. Од смесата ставаме по отприлика една полна лажица.

Забелешка
Лажиците со сувите состојки ги полнев убаво, а не рамно наполнети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани