Интересен начин за користење на туната од конзерва и брз ручек за деновите кога се исцрпени идеите за готвење.

- Туната се цеди од маслото или водата. Исцедената туна се префрла во сад, се додава исецканиот млад кромид, јајцето, урдата, магдоносот, брашното, лукот и зачините во количина според сопствениот вкус.
- На тава на оган се додава путер или малце масло да се загрее. Од приготвената смеса со лажица се формираат мини палачинки или плескавици кои се пржат на тивок оган се додека не заруменат од двете страни.

Напомена
Одлични се во комбинација на домашна салца и салата или во сендвич.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови