Многу интересни чизкејк колачиња кои многу брзо се прават.
Најпрво ги мелиме крекерите во сецко, јас земав од оние обичните, можете интегрални доколку сакате.
На дното од силиконскиот калап ставаме по 1 кафена лажичка и убаво израмнете ги.
Го матиме крем сирењето со шеќерот, додека убаво се соединат и потоа го додаваме јајцето, матиме и завршуваме со ванилата кога кремот ќе биде соединет. Во калапчињата врз крекерите ставаме по 1 кафена лажичка од смесата и печеме на 180степени 15 минути.
Доколку не сакате колачињата да се ронат би ви препорачала да ги додадете крекерите во самата смеса од крем сирење за подобро да се зацврсти.
Откако ќе се испечат оставаме во рерната да се оладат 5мин па ги вадиме од калапот. Во средината ставаме претходно подготвен крем од лимон, а најгоре завршуваме со шлаг крем.
*** Кремот го правев по рецепт на членка од МоиРецепти и супер е па накратко потребно ви е
4 јајца
3 лимони со кората
1 лажица ванила
150гр шеќер
115 гр путер.
Путерот се мати со шеќерот, во кој се ренда кората од лимонот. Потоа едно по едно се додаваат јајцата и ванилата, вариме на тивко 10 минути постојано мешајќи додека се згусне кремот.
**** Од оваа доза излегуваат 24 мали колачиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови