Долг изминат период оваа торта беше хит на нет и ми се чини дека ретко кој не оставил да не ја направи. Колку и да сте скептици за малку поинаква торта од стандардните и реонски, оваа торта чинам дека никој не можи да го остави рамнодушен. По составот можеби би ве потсетила на чизкејк, ама чизкејк е многу далеку за оваа вкусотија. Кој се уште не ја пробал, не знае што пропуштил од десерт. Откако ја направив сфатив и зошто толку популарна била годините наназад низ нетот. Единствениот проблем е што никако не успеав да направам добра слика бидејќи миризбата ме мамеше и јас јадев додека сликав, а времето и апаратот не се погодија баш најуслужливи тој ден.

Од наведените состојки се замесува глатко тесто кое се остава да одстои 45 минути во фрижидер убаво завиткано.
Потребен е калап со обрач кој ќе го намастите убаво со маргарин и ќе го поросите со брашно.
Тестото се сучи и со него се обложува дното и страните на калапот. Доколку ви е суво и се рони, слободно додадете лажица кисело млеко, путер, вода... било што. Кај мене го немаше тој проблем, но веројатно зависи од типот на состојките.

Во млекото сварете ги пудинзите со шеќерот и веднаш додека е врело додадете го милерамот. Измешајте и истурете го во обложениот калап со тесто па одозгора распоредете го овошјето кое сте го избрале. Кај мене изборот беа малини. Секако, не мора да е само една врста, можи и мешавина од овошја.

Ставете да се печи во загреана рерна од 160С околу 70 минути. Ако рерната ви е јака и сметате дека почнува да ги гори краевите покријте ја со пек хартија еден период.
Печената торта се остава добро да излади, најдобро е да лади преку ноќ и потоа да се прелие со преливот за торти.

Додека е топла тортата филот се уште ќе мрда, но тоа нека не ве плаши, со текот на ладење одлично ќе се стегни.
Зависно од тоа колку се високи страниците на обрачот и дали сакате повисока торта можи да користите калап од 26 и од 28см. Мојот овде е пентагон и чинам дека е 28ка димензија.
Ах да, уште нешто... иако со пудингот од ванила вкусот на оваа торта е врвен и најдобро се надополнува со милерамот и овошјето, сепак ако почесто решите да ја правите, можи да изберите и друг вкус на пудинг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови