Превкусно, ароматично мармаладче...

Се мијат кајсиите, се делат на две и им се вади коската.
Праските се мијат, се лупат, им се вади семката.
Дињата исто се мие, се вади корупката, се сечи на делчиња.

Сите овошја се мелат на машина и се полеваат, попрскуваат со исцедениот лимонов сок. Се убаво се меша.

Се става на умерен оган и стом зоврие, со постојано мешање се вари 30 минути, па му се додава шеќерот и се продолжува со мешање и варење уште 30 мин., односно додека мармаладот ја добие потребната густина.

Се собира жежок во жешки стерилни тегли.
Прво теглите ги ставам со капаците надолу, кратко време, а потоа ги превртувам и завиткани во старо ќебе ги оставам да се изладат и убаво вакумираат.

На здравје!

*Шеќерот го додавам покасно, заради бојата, да се задржи колку што можи.Бојата да биде како килибар и да е сјајно, да свети и лимонот тука помага :)
*Густината ја тестирам на тацна-мал дел да излади и се гледа.
*Во однос на шеќерот-можи да се намали, се зависно од вкусот. Јас ставив по 500 гр. на 1 кг. овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани