- Модриот патлиџан исечете на половина потоа на пократки ленти, посолете го со 1 лажица сол и оставете да одстои околу 1 час, да ја пушти горчивоста доколку ја има.
- Морковот исечете на ленти, кромидот на тенки полумесечинки, пиперот исто така на пократки ленти. Пожелно е да пиперот е во разновидна боја заради колоритноста. Ставете ги сите заедно во сад и измешајте. Во нив додадете го оцетот, биберот, коријандерот и шеќерот. Измешајте и оставете го исто така да одстои.
- Откако модриот патлиџан одстојал, истискајте го и ставете го во тава во која сте го загреале маслото, нека се пржи до негово омекнување. Тргнете на страна и во него додадете ги претходно измешание состојки. Измешајте го убаво сето заедно, пробајте на вкус за сол. Оставете нека исто така одстои околу 1 час како сега би се споиле сите вкусови.
- Соберете во тегли, затворете и пастреизирајте, околу 15 мин. сметајки го времето од кога почнале да вријат или капачките да се затворат. Нека останат во врелата вода се до нивно потполно оладување.
Напомена
- Биберот го ставам мелен, а коријандерот во зрна, иако за него исто така пишува дека треба да е мелен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани