- Измешајте ги заедно од конзерва варен грав, наут и пченка кои претходно сте ги со млаз вода измиле, додадете исецканиот црвен кромид, младите кромитчиња, доматите или шери домати по ваша оцена - зачинете на вкус со солта, биберот маслиновото масло и оцетот.
Оставете да се одстои неколку време за да се спојат сите вкусови, сервирајте.

Напомена
- Можете да користите од конзерва, а можете доколку ги имате намирниците дома и да сварите. Наутот ако го варите вие накиснете го одвечер и наредниот ден сварете го до омекнување.
- Користев вински оцет, а овде може и балзамико.
- Оваа салата со додавањето на лутото пиперче ги разбудува сите сетила за вкус, ние ја сакаме пикантна, што и немора кој не е љубител. Може да се спреми само од грав и пченка додавајки и маслинки, зелена салата, домати или шери доматите. Може да се спреми и наместо наут - Кус-Кус... Вие изберете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани