Прво краставиците ги миеме убаво, па ги бришиме со чиста крпа.
Сега на 1/3 по хоризонтала, одсекуваме дел од краставицата,
со помош на алатка и ги вадиме семките.
Во еден сад ги соединуваме состојките за преливот, јогуртот, мајонезот, лимоновиот сок, карито и солта.
Во друг сад ги ставаме исецканата зелка и ренданите моркови.
Соединуваме.
Со оваа свежа салата ги полниме издлабените краставици, па ги преливаме со подготвениот прелив.
Нежно наросуваме црн пипер.
На малку понаков начин сервирана пролетна, вкусна салата, која ќе биде дел од празничната трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани