Во тава на загреано масло ги запржуваме претходно исецканите шампињони.
Ги зачинуваме со црн мелен бибер и сол.
Додаваме ситно сецкани суви домати.
Тестенините ги вариме во посебни садови.
Машничките ги вариме пократко, а фоглите од спанаќ малку подолго време.
Кога се варени ги цедиме и ги додаваме во тавата со шампињони и додаваме маслиново масло.
Промешуваме само еднаш колку да се спојат состојките.
Зачинуваме и додаваме сецкано или по ваш вкус пасирано лукче.
Ја префрламе салатата во чинија, додаваме свеж босилек кинејќи го со рака на ситни делчиња.
Додаваме 20 гр пињоли.
Салатата од тестенини е спремна.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови