Еве малку поинаков начин на поховање на сезонски зеленчук.

Прво младото тикве многу танко го лупиме и го сечиме на парчиња со дебелина одприлика на 1,5 цм.
Со помош на алатка ја вадиме средината, односно треба да добиеме само прстен
Сега во еден сад ги соединуваме фета сирењето, биберот, многу ситно сецканиот власец,јацето.
Со оваа смеса ја полниме средината на тиквето.
Убаво израмнуваме со нож.
Така подготвеното парченце тикве одма го ставаме во тајнир во кој има брашно и малку сол.
Постапката е иста со цело тикве.
Секое парче внимателно го валкаме во брашно, јајце и презла.
Ги редиме на послужавник.
Црниот домат го лупиме, сечеме на кругови.
Малку ги посолуваме и ги оставаме на хартиени салфети.
Потоа секое кругче во валкаме во брашно, во изматено јајце и соединети снегулки за компир пире и презла.
Тиквето и црниот домат ги пржиме на умерен оган во тава која има ставено малку масло.
При тоа внимаваме да не остане многу презла во тавата, за парчињата да изгледаат како изгорени.
По потреба доколку има остаток од презла ја одстрануваме со хартиена салфета.
Испржени ги оставаме врз хартиени салфети, а потоа ги сервираме на одбран тајнир.
Во средината ја ставаме зделичката во која го послужуваме белиот дип, за кој со вилушка сме го испасирале фета сирењето, соединиле со кисела павлака, бибер, маслиново масло, власец.
На здравје ова вкусно, на малку поинаков начин подготвено топло предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани