Многу пати имам кажано дека омилената комбинација ми е ментол-чоколадна. Затоа и овие пралини ги направив во таа комбинација и не погрешив. Прекрасни се и одлично се спои комбинацијата од темно чоколадо и ментол фил.

1. Во Делиција садот за сос, ставете го темното чоколадо, искршено на коцки и маслото. Мешајте додека да се стопи и сврзе.
2. Со чоколадната смеса премачкајте ги калапите за пралини. Јас користев силиконски, бидејќи послени се за вадење.
Ставете ги во замрзнувач на 10-15 мин. Повторете ја постапката уште еднаш, за да добиете подебел слој и странични чоколадни делови.
3. Белата чоколада, заедно со слатката павлака и путерот, растопете ги на тивок оган или на пареа, при тоа слатката павлака не смее да зоврие, туку само да се стопли.
На крај тргнете од оган, убаво промешајте и додадете го ликерот и екстрактот од ментол. Оставете ја смесата малце да се излади.
4. Во калапите за пралини, ставете од ментол филот. Вратете назад во замрзнувач уште 10тина мин.
5. Ако темното чоколадо ви се оладило и здрвило, затоплете го малце за да биде потечно. Со него прелијте ги пралините и убави измазнете со нож. Вратете ги назад во замрзнувач уште 15 мин.
6. Пралините извадете ги нежно од калапите и ќе имате убави и сјајни ментол чоколадни пралини.

*Ако немате ликер од ментол или мента, во тој случај можете да ставите бел рум.
*Може да се подготви и со млечно чоколадо, но мене повеќе ми се допаѓа комбинацијата од темно чоколадо со ментол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови