Во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката го додаваме јогуртот кој ни бил на собна температура или малку го замлачуваме на оган, јајцето, солта, омекнатата маст.
Сето убаво го промешуваме и постепено си додаваме од брашното и месиме.
Ќе добиеме убаво мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме на топло да кисни 30 минути.
Потоа без премесување го делиме на 60-70 мали топчиња.
Секое топче го расукуваме во долга тесна коричка.
Виткаме кифличка. Ги редиме во плех.
Ги премачкуваме со едно изматено јајце, наросуваме лен или чурекот и оставаме да киснат 20 минути.
Ги печиме во загреана релна додека не добијаат убава боја.
Ги вадиме на кујнска решетка да се изладат.
послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани