Меки ролнички кои остануваат такви и следниот ден.

Од сите состојки замесете тесто и оставете го да нарасне дупло (30-45 мин).
За тоа време спремете го филот. Сирењето изгмечете го со вилушка и помешајте го со белката. Треба да добиете еднолична смеса, како крем сирење. Ако користите посуво сирење слободно додајте малку павлака или млеко за да добиете смеса која лесно се мачка.
Нараснатото тесто поделете го на два дела. Од првиот дел расукајте правоаголник, што потенко можете. Тестото е масно и нема да се лепи на подлогата, затоа не посипувајте брашно. Намачкајте половина од филот на целото тесто и свиткајте ролат. Со остар нож или конец исечете парчиња со должина околу 3 см и ставете ги во подмачкан плех за печење. Повторете и со втората половина од тестото.
Ролничките премачкајте ги со жолчката изматена со малку сол и масло и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.

Пријатен апетит!

На половина од едниот ролат во филот ставив и сецкан магдонос, убаво е и така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани