Овие погачки им се допаднаа на домашните и кои не љубат баш овошје во колачи, кифли, торти. Јас навистина бев пријатно изненадена кога за прв пат ги подготвував, навистина се екстра. Најмногу поради нив и смрзнувам малини за да имам постојано на дофат.

Подготовка
Сите продукти треба да ви бидат ладни, од фрижидер.
Сувите состојки, брашното, пецивото, содата, шеќерот и солта измешајте ги. Изрендајте го путерот или исечкајте го на ситни парчиња. Соединете го со сувите состојки во вид на трошкасто тесто, значи втрлувајте го путерот во брашното. 
Млекото и павлаката соединете ги, па додадете ги кон смесата од брашно. Соединете, ама не месете премногу. Оставете го тестото во замрзнувач околу 5 минути, не повеќе.
Расукајте правоаголна кора, наредете ги малините. Свиткајте ролат, па поминете нежно со оклагија да се израмни малку ролатот. Сечете триаголници и редете ги на хартија за печење или дирекно на тавче, нелепливо.
Ставете по парче путер и наросете по желба со кафеав шеќер.
Печете на 180 степени во загреана рерна околу 25 минути.
Посипете ги со шеќер во прав откако ќе се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани