Исклучително меки и вкусни путер кифли.

Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во еден сад ги ставме маслото, јогуртот, јајцето, втасаниот квасец.
соединуваме па додаавме сол и брашно.
Месиме се додека не добиеме меко нелепливо тесто.
Го оставаме да се дуплира.
За тоа време во еден сад ги соединуваме ајварот и сирењето.
Втасаното тесто го делиме на 7 топки.
Секоја топка ја расукуваме во мала коричка.
Шест корички ги премачкуваме со омекнатиот путер и ги редиме една врз друга.
Најгорната кора, 7 не ја премачкуваме.
Од ова купче сучиме голема правоаголна кора.
Ја сечиме на ленти,па на триаголници.
На секој триаголник, ставаме по едно лажиче фил.
Виткаме кифла.
Ги редиме во ненамастен плех.
Ги премачкуваме со изматено јајце и оставаме да киснат 30 минути.
Потоа ги печиме на 200 с, околу 25 минути.
Сервираме топли со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани