Овие кифлички се екстра меки и многу лесни за подготвка. Воздушести и вкусни, одлично ќе ја надополнат велигденската трпеза.
1. Во дел од млаката вода се ставаат квасеците, заедно со шеќерот и 1 лажица брашно. Убаво се промешува и се остава да се активира, квасецот ќе нарасне и ќе запени.
2. Брашното и солта се мешаат, се додава маслото, па активираниот квасец и постепено млаката вода. Замесувајте полека, треба да се добие меко тесто. Ако има потреба додадете уште малку брашно.
3. Готовото убаво замесено и мазно тесто, оставете го покриено со крпа да стаса. Потребно ќе му е прилично малку време (20 до 30 мин.) и нема потреба да стои на многу топло место. Оставете го на собна температура.
4. Откако стасало, од тестото вадете топчиња со големина по желба, малку расукувајте ги како на фотката и расекувајте ги.
5. Ставете сирење во секое расукано топче и завиткајте ги така што засеците да дојдат на горниот дел од секоја кифличка.
6. Наредете ги кифличките во плех обложен со пек хартија или намрсен, премачкајте ги со јајце, наросете им сусам или семенки по желба, ставете им по мало парченце маргарин и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 до 200 степени (во зависност од вашата рерна).
7. Треба убаво да поруменат за да бидат печени.
8. Откако ќе се испечат, покријте ги со крпа и најлон за да бидат меки.
9. Нека се изладат малку, па полужете. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови