Исклучително меки и вкусни слатки кифли.
Ви ги препорачувам да ги напправите.

Во топлото млеко ставаме едно лажиче брашно, едно лажиче шеќер и квасецот, промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме јогуртот, киселата вода( може да бидат малку замлачени) солта, јајцето, ванилата, втасаниот квасец, растопениот путер и сето со вилушка го соединуваме.
Постепено додаваме од брашното и замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Додека втасува тестото го подготвуваме полнењето.
Во касертола налеваме млеко, шеќер , зачини по вкус и афион.,
Вариме на тивко додека течноста не испари.
Потоа од тестото сучиме правоаголна кора .
Ја делиме на ленти, а потоа на триагоилници.
Сега на секој триаголник ставаме по едно лажиче фил со афион.
завиткуваме кифла.
Ги редиме во плех, ги премачкуваме со јајце, наросуваме по малку кафен шеќер и оставаме да втасаат 20 минути.
Ги печиме во загреана релна на 200 с околу 20 минути.
Ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме со чаша млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани