Во сува непеплива тава ставете го сусамот и сончогледот да се запржат.
Пржете додека почне да се чувствува мирисот на сусамот и сончогледот.

Во сад ставете го брашното и квасецот.
Додајте го маслото, солта, прстофат шеќер и запржените сусам и сончоглед.
Со додавање на топла вода замесете меко, лепливо тесто.
Покријте и оставете да стаса.

Со намрснати раце земајте од тестото и формирајте топчиња.
Секое топче развлечете го во мекица и пржете во загреано масло.

Испржените мекици извадете ги на кујнска хартија, да се впие вишокот мрснотија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани