Го обожавам модриот патлиџан, посебно на овој мој начин на пржење.
Тука незаменлива улога при пржењето имаат тавите на делимано, така што при пржењето не ми прегоруваат патлиџаните, а и не впиваа многу масло.

- Најпрвин убаво измијте го модриот патлиџан и избришете го со кујнска крпа.
- Излупете го по должина со ноже за лупење, но не цел патлиџан туку на ленти да се добие зебраст изглед. Сега исечете го на тркалца од 5 мм.
- Посолете го секое тркалце и оставете 15-20 минути.
- На една салфетка наредете дел од тркалцата, а потоа со друга салфетка покријте ги да се впие течноста од нив.
- Во чинија измешајте го пченкарното брашно и лукот во прав (тој е тајниот ми зачин). Секое тркалце извалкајте го и пржете на масло на среден оган.
- Испржените патлиџани ставете ги на салфетка да се цедат од маслото и да изладат.
- Во чинија кружно се редат изладените модри патлиџани, се ставаат парчињата сирење, на средина се става црвениот домат и се посипува со сечкан магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани