- Топлата вода и шеќерот ставете во садот во кој ќе го спремате медењакот. Со жица мешајте да се стопи, потоа додадете го брашното во кое веќе сте измешале ванилата, циметот, пецивото и содата бикарбона. Додадете маслото, размешајте да добиете хомогена смеса, додадете го мармаладот сите останати состојки и размешајте.
- Во со масло и брашно подмачкано тавче истурете половина од смесата и нека се пече. Кога не е потполно печено, а дозволува да се премачкува, извадете од рерна, премачкајте со мармалад од сливи, врз него истурете ја останатата половина од смесата и вратете назад да се допече.
- Одозгора останува ваш избор на го полиете со глазура која ја вие сакате. Полиен е колачот со глазура од 200 гр чоколада, малку масло, да се стопи на пареа и го заливам колачот. Откако ќе олади се сече.
Напомена
Знач  колачот се работи без миксер.
- Тавчето во кој се печеше и во ростер тавата, помалата односно со средната големина,
- Ако правилно ја распоредете смесата (не како мене) ќе имате совршен пресек.
Чашата е од 250 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани