Чашата е од 240 мл.
 
- Во брашното додадете ги содата и зачинките и измешајте
- Со миксер се изработуваат јајцата со шеќерот, се додава маслото и во неколку наврата се додава измешаното брашно. Измесете тесто.
- Расукајте кора во дебелина од околу 0,5 см. и со модлата вадете ги меденките.
- Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени. Печени извадете и дозволете да оладат по што лесно и ќе се извадат од тавата.

Овие медени колачиња декорирајте со ајсинг смесата - шарајки и цртајки по нив, чоколадирајте или направете ги како ресани. Кога ќе ставите да се загрее мармалад од кајсии (или било кој друг) во него ќе ставете веке претходно потопен желатин, избркајте да се стопи желатинот, истурете во плитко садче, оставете нека се зацврсти. Потоа вадете од желатинската плоча која сте ја добиле, ставете врз едно од колачињата - чоколадирајте или само потопете ги половина во чокладна глазура...
Овие ароматни меденки колку време повеке стојат, така се поровки. Многу колачиња излегуваат, што можете и од половина состојки да спремите.
Благодарност за Веси Казакова која е среќна што овде ќе го напишам токму нејзиниот рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани