Потребно е 2 пати да се направат корите со цел да се добијат 4 кори кои се сечат на пола.
Јас печев во плех бр. 28 на 200 степена 25 мин.

Подготовка на корите
* Се делат белките од жолчките. Во белките се става малку пециво и шеќерот. Се матат. Во садот со жолчките се става маргаринот и се мати. Потоа во садот кај белките се ставаат останатите состојки и се додаваат изматените жолчки со маргаринот.

Подготовка на Фил 1 
*Се попаруват искршените медени срциња и се мешаат, им се додава маргаринот и повторно се мешаат со миксер. Се остава да олади.

Подготовка на Фил 2 
* Се делат белките од жолчките. Во садот со жолчките се става маргаринот и се миксира. Во садот со белките се додава жеќерот во прав и се мати. Се растопува чоколадото и заедно со малку рум се додава во садот со жолчките и маргаринот. Потоа се додаваат и изматените белки. Сето тоа се соединува.

Подготовка на Чоколаден сируп
* Се соединуваат состојките и се ставаат на оган колку да се соединат-растопат.
Со овој сируп се попрскува секоја кора.

Јас за овој рецепт го имав следниот редослед - кора -чоколаден сируп-фил 1-кора-чоколаден сируп-фил 2-кора чоколаден сируп-фил 2 - кора-чоколаден сируп-фил 2- трошки и кокос за декорација

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови