Во длабок сад измешајте ги двата вида брашна, пецивото, ванилата, шеќерот и малку сол.
Додајте го маслото и јајцата и замесете тесто.
Оставете го тестото малку да отстои (10-тина минути), а потоа поделете го на 2 дела.

Меѓу два листа хартија за печење расукајте го во кора едниот дел од тестото.
Со помош на хартијата префрлете ја кората во округол калап(јас го користев округлиот силиконски калап на Делимано).

Измешајте ги оревите со медот и ставете ги врз кората.
Одозгора нанесете ги сувите кајсии исецкани на помали парчиња.
Врз кајсиите изрендајте го остатокот од тесто.

Ставете ја питата да се пече на 180 степени, 30-35 минути.

Во сад ставете 2 полни лажици мед.
Ставете го медот малку да се подрастопи(загрее) и со него премачкајте ја испечената подоладена пита.

Питата послужете ја убаво оладена.

Вкусот на оваа пита-колач е фантастичен, топло ви ја препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани