Сега е време на млади зелени листови од разни зеленчуци. Искористете ги за убави вкусни јадења. Ова е брз и лесен омлет. А може и од продуктите да си направите и салата со омлетот.
Сите зеленчуци се сецкаат, па кратко се упржуваат. Јас прво кромидот го ставам, а веднаш по 1 минутка и другите. Не ги обарувам претходно.
Јајцата се промешуваат со парчето сирење, додавам малку луто пиперче, сол и мешан зачин. Зеленчукот се пропржува не многу долго, околу 10 тина минути. Потоа се ставаат и јајцата и убаво ги запржувате заедно.

Обожавам свежо нане вака со друг зеленчук, му дава посебна арома на јадењето.

Со домашно лепче, чаша јогурт и на здравје зелен и здрав омлет.

Бон апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови