1. Брашното, солта и прашокот за пециво се промешуваат.
2. Јајцето се мати, се додава шеќерот и се промешува. Треба да биде густо.
3. Се растопува путерот и се додава на јајцето и шеќерот на 2-3 пати и се мати полека. Се додава киселото млеко и се промешува, не премногу.
4. Додека ги сецкаме јагодите рерната се загрева на 200 степени. Исецканите јагоди и чоколадните капки се додаваат на сувите состојки.
5. Се додава полека смесата од јајце, шеќер, путер и кисело млеко и треба да се добие многу густа смеса.
6. Премачканите калапи се полнат до крај и се ставаат на печење.
7. Се печат на 200 степени додека нараснат, околу 6 мин.а потоа на 180 уште 24.

Киселото млеко го користам за солени мафини редовно па затоа се решив на овој експеримент и дава свежина и мекост.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови