Брзи и едноставни мафини, кои се без јајца, а доколку употребите и некое растително млеко, може да бидат во посна варијанта.

Сувите состојки се мешаат сите, па во нив се додаваат ренданите јаболка. Се мешаат убаво. Потоа се додава млекото и маслото и се меша додека не се изедначи смесата.

Од смесата се полнат калпчињата за мафини 3/4 и се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови