1. Јајцата и шеќерите се матат пенесто додека да се растопи шеќерот.
2. Се додава маслото, млекото, а потоа постепено се става брашното (просеано) во кое е измешано и пецивото. Се мати да се изедачи смесата.
3. Во калапот за мафини се ставаат хартиените корпиња и со мала кутлача или лажица корпињата со смесата се полнат до 2/3. Во секој мафин насредина се става од топчињата чоко стоби флипс и се става во загрена рерна на 200 степени.
4. Дел од смесата се вади во друг сад, се става какаото и се изедачува да се добие кафеава смеса.
5. После 7-8 минути печење, внимателно се вади калапот од рерна, мафните се веќе малку подзбувнати и со лажица со кафеавата смеса се шари секој мафин. Се пече уште 10-тина минути, а по потреба се пече уште некоја минута на 170 степени.

Забелешка
Количината на чоко стоби флипсот може да биде поголема и произволна, а може да се стави сечкано чоколадо или пак чоколадни капки.
Бидејќи секогаш немам многу време, а печењето во форма на мафини го бара тоа, почесто ја печам смесата во калап за куглоф и ја шарам со кафеавата смеса, вкусот е ист, прекрасен.
Од оваа смеса испеков 30 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани