- Физалисот исчистете го, исечете на половинки. Модлите за мафини подмачкајте и побрашнете, силиконските модли не мора.
- Путерот, шеќерот, ванилата, ренданата кора од лимон и солта ставете ги во садот и со миксер матете додека да добиете кремаста смеса. Додавајте едно по едно јајцата и матете се додека шеќерот се стопи.
- Измешајте ги брашното, пецивото и кокосот, додадете го млекото, измешајте, додадете во преходната смеса и добро измешајте. Додадете дел од физалисот во тестото, дел оставете.
- Со лажица ставајте во модлите, остатокот оф физалисот втиснте го во тестото.
- Во претходно загреана рерна на 175 степени се печат 25 мин.
- Додека се печат вие на пареа стопете ја белата чоколада, заради декорацијата потопете неколку броја физалис и оставете на решетка да се чоколада стегне.
- Откако се испечени мафините извадете ги и нека постојат околу 5 минути во модлите, а потоа извадете ги. Во белата глазура потопувајте до половина од мафините, свртете ги наопачки положувајки ги на решетка исто така да се чоколадата стегне.
Сервирајте и уживајте во спојот на вкусовите - физалис + кокос = одлично.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафина.
.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани