Хроно, а и посни мафини, па кој е за што нека си одбере. Јас сум за двете, постам и сум на хроно, малку е покомплицирано, ама еве тече постот.
Мафиниве ми беа вкусни па ви ги предлагам да си ги направите.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180-200 степени со вентилатор.
2. Сувите состојки ги промешуваме во еден сад.
3. Ги сечкаме печурките, листовите спанаќ и по желба ги пропржуваме семките од тиква.
4. Ги додаваме маслото и киселата вода, па смесата ја промешуваме и соединуваме со лажица.
5. Калапите за мафини ги намрсуваме и набрашнуваме. Ги полниме со смесата и потоа ги печеме во загреаната рерна околу 30 минути.

Забелешка
Оваа доза е доволна за 12 мафини, мене толку ми излегоа.
Чашата е од 250мл.
Семките не ги потпеков, ама сметам дека ќе бидат повкусни ако се потпечени, така да оставам на ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани