Во еден сад гои соединуваме брашното, пецивото, содата, некое зрно сол.
Во друг сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме до побелување.
Со исклучен миксер ги додаваме течните состојки, млеко, јогурт, масло.
Лесно соединуваме.
Сега коцките праски ги ставаме кај брашното, малку промешуваме и ги додаваме кај претходната смеса.
Соединуваме.
Хартиените корпи ги полниме со смеса до 2/3.
Ги ставаме да се печат во загреана релна околу 25 минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат.
Ја матиме слатката павлака, а во еден дел одделно ставаме и малку зелена боја.
Потоа ги декорираме мафините со изматена слатка павлака и шеќерни пеперутки.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани