За подготовка на овие мафини се користи чаша од 250 мл.
Во длабок сад се ставаат палентата, брашното и пецивото и се меша убаво.
Во друг сад со маталка се матат јајцата потоа се додава путерот, урдата, павлаката и ситно сецканите виршли. Се промешува и се додаваат сувите состојки.
Се убаво се промешува се посолува по вкус.
Од смесата се полнат калапите за мафини од пола повеќе и се печат на 200 с 15 минути.
Јас ги печев во силиконските калапи за мафини на делимано и ми излегоа 12 мафини.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови