Најпрво се започнува со подготовка на полнењето.
Се мелаат афионот и оревите. Се става млекото да зоврие и со него се посипуваат афионот и оревите и се промешува.
Во длобок сад се просејува брашното, прашокот за пудинг и прашокот за пециво. Се мешаат, и во нив се додаваат шеќерот, млекото, зејтинот и јајцата. Се матат со миксер околу 5 мин.
Во калапот за печење на мафини се ставаат хартиени корпици.
Секоја корпица се полни до половина од смесата. На средина се додава од полнењето од афион и ореви кое што го формираме како топче. И одозгора се дополнува од претходната смеса.
Се печат на 180 степени околу 25 мин.
Од оваа смеса излегуваат околу 16 мафини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови