Кајсиите исечете ги на помали парчиња.

Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Матејќи со најмала брзина на миксерот додајте ги млекото и маслото.

Брашното измешајте го со пецивото и постепено матејќи со жица додајте го во изматената смеса.

На крај додајте ги кајсиите и афионот.
Измешајте убаво.

Од вака спремената смеса ставајте во калап за мафини и печете на 180 степени, 25 минути.

Забелешка
Од оваа доза мене ми излегоа 12 мафини и еден помал колач.
Печев во калапите за мафини и калапот за векна на Делимано.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани